Утрински Весник
Свет

Бајден го одложи патувањето во Германија и Ангола поради ураганот Милтон

Ba Den 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Американскиот претседател Џо Бајден го одложува планираното патување во Германија на крајот на оваа недела поради силниот ураган Милтон, кој се движи кон државата Флорида, соопшти Белата куќа.

Како што е наведено, одложено е и патувањето во Ангола, кое требаше да следи по посетата на Бајден на Германија.

Засега нема информации кога претседателот, чиј мандат завршува во јануари, планира да ги оствари тие патувања.

Американскиот претседател се очекуваше да пристигне во Берлин в четврток вечер за да се сретне со германскиот канцелар Олаф Шолц и со претседателот Франк-Валтер Штајнмаер.

Бајден потоа планираше да отпатува в сабота во западната германска покраина Рајнланд-Пфалц, каде што требаше да биде домаќин на самитот за Украина во американската воздухопловна база во Рамштајн.

Можете да прочитате

Гугл ги враќа на работа работниците што претходно ги отпушти

Речиси еден милион лица раселени по конфликтот меѓу Камбоџа и Тајланд

Путин е подготвен да разговара со Макрон, соопшти Москва