Утрински Весник
Свет
Img 7972

Бајден до пучистите: Претседателот на Нигер веднаш да биде ослободен

(Видео) Бајден со нов гаф, во обид да ја пофали Пелоси
300x250 opst2

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска ги повика пучистите во Нигер да го ослободат соборениот претседател Мохамед Базум и неговото семејство.

dobivaj vesti na viber

„Повикувам на итно ослободување на претседателот Базум и неговото семејство и за зачувување на тешко стекнатата демократија во Нигер“, се вели во изјавата на Бајден објавена на веб-страницата на Белата куќа.

Американскиот претседател додаде дека одбраната на основните демократски вредности, застапувањето за уставниот поредок, правдата и правото на мирно собирање се од суштинско значење за партнерството меѓу САД и Нигер.

„Оваа година, додека земјата ја одбележува 63-годишнината од својата независност, Нигер се соочува со сериозен предизвик за нејзината демократија. Во овој критичен момент, Соединетите Држави стојат со народот на Нигер во чест на нашето повеќедецениско партнерство вкоренето во заедничката демократска вредности и поддршка за граѓанското управување“, изјави Бајден.

Тој посочи дека народот на Нигер има право да ги избере своите лидери и дека својата волја ја изрази на „слободни и фер избори и тоа мора да се почитува“.

Воените офицери на Нигер минатата недела го прогласија шефот на претседателската гарда Абдураман Тијани за нов шеф на државата, додавајќи дека го суспендирале уставот и ги распуштиле сите поранешни институции, откако претходно го соборија и затворија претседателот Мохамед Базум во неговата палата.

Можете да прочитате

Откриена е заборавената насловна страница на „Плејбој“ од 1990 година со Доналд Трамп

Нобеловата награда за хемија ја добија Китагава, Робсон и Омар М. Јаги

Грета Тунберг: Израелците ставија 60 луѓе во кафези и рекоа дека ќе нè убијат со гас