Утрински Весник
Свет

Бајден денеска во Северна Ирска, прва посета по десет години

Уште еден гаф на Бајден, ги помеша Камбоџа и Колумбија

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска ќе го посети Белфаст, а во текот на денот ќе се сретне со премиерот на Велика Британија Риши Сунак.

dobivaj vesti na viber

Се очекува тој да се сретне и со претставници на петте политички партии во Северна Ирска и да одржи говор на Универзитетот Алстер. Ова е прва посета на американскиот претседател на Северна Ирска по десет години.

Северна Ирска одбележува 25 години од мировниот „Договор од Велики петок“, па Бајден доаѓа во политички чувствителен момент.

Ден пред посетата на Бајден на Северна Ирска, во градот Лондондери се одржа парада против мировниот „Договор од Велики петок“, а по тој повод неколку маскирани лица ја нападнаа полицијата со бензински бомби и други предмети.

Четворица млади луѓе во претежно ирското националистичко предградие Креган се сликани како фрлаат бензински бомби врз оклопно полициско возило, кое од едната страна било зафатено во пламен, објави „Ројтерс“.

Полицијата соопшти дека нема повредени и апелира на смирување на ситуацијата.

Белата куќа претходно соопшти дека Бајден денеска и утре ќе престојува во Северна Ирска, по што ќе отпатува за Република Ирска, каде што ќе одржи говор пред пратениците во парламентот во Даблин.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња