Утрински Весник
Спорт

Бањаја со рекорден круг до пол-позицијата во Муџело

Бањаја со рекорден круг до пол-позицијата во Муџело

Возачот на Дукати, Франческо Багнаја, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Италија, шестата трака од овогодинешниот шампионат во Мото ГП.

dobivaj vesti na viber

Италијанецот до пол-позицијата на патеката Муџело стигна со рекордно време од 1:44.855 минути, а со тоа го забележа и третиот триумф во квалификациите сезонава.

Најблиску до Бањаја беа браќата Маркез. Марк на Репсол Хонда, заостана 78 илјадитинки, додека Алекс со својот Гресини беше трет, но поради казната од претходната трка во Ле Ман ќе стартува од шестата позиција.

Најдобрите тројца ги следеше Џек Милер, кој вози за КТМ, а тој ќе биде покрај Бањаја и Маркез во недела на стартот. Возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин беше петти, пред Марко Бецеки од тимот VR46 и Алес Еспаргаро на Априлија. Меѓу првите 10 се најдоа Жоан Зарко, Алекс Ринс и Бред Биндер.

Вториот возач на Дукати, Енеа Бастианини, кој се врати на патеката откако оваа сезона возеше само на спринт трката во Португалија, го имаше 12. време. Пред него беше Лука Марини, а по ред ќе следат Маверик Вињалес, Франко Морбидели и Фабио Квартаро кој беше само 15. и е најголемото разочарување на квалификациите.

Спринт трката започнува денеска во 15 часот, додека трката за Големата награда на Италија е закажана за недела во 14 часот.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност