Утрински Весник
Македонија

Бљерим Османи е нов директор на Клиничката болница во Тетово по случајот со анестезиологот кој снимаше пациенти за на „Токток“

Бљерим Османи е нов директор на Клиничката болница во Тетово по случајот со анестезиологот кој снимаше пациенти за на „Токток“

Бљерим Османи е именуван за нов организациски директор на Клиничката болница во Тетово.

dobivaj vesti na viber

Тој доаѓа на местото на Арменд Фазљиу кој беше разрешен по случајот со анестезиологот кој на социјалната мрежа Тикток објави видео во живо од гинекологија.

Османи објави дека е назначен на оваа позиција преку својот профил на „Фејсбук“.

„На оваа средба во братски дух од Арменд бев информиран за досегашниот тек на работата, функционирањето, обврските и проектите во иднина. Честитав поради покажаната подготвеност и дадениот придонес. Им благодарам на сите кои не поддржаа периодов – семејството, пријателите, колегите, сопартијците. Задачите што ги добиваме од нашиот лидер Али Ахмети се привилегија, но во исто време и одговорност и не обврзуваат да бидеме уште попосветени и достоинствено да ги реализираме!, напиша Османи.

 

Можете да прочитате

Бочварски: После 4 години локална власт- ВМРО-ДПМНЕ не исполни ништо од ветеното

Бочварски: Очекуваме да се зголеми поддршката за СДСМ, на локалните избори ќе настапиме со коалициските партнери од изминатите десеттина години

НИ СЕ ВРАЌААТ ЛЕТНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ: Пред нас многу сонце и значително потопло време!