Макс Бјаџи, трикратниот светски вицешампион во Мото ГП шампионатот, проговори за односот и ривалството со неговиот сонародник Валентино Роси.
Италијанецот смета дека имале добри односи, но дека другите ги расипале.
„Јас и Роси бевме двајца идиоти. Во еден период на почетокот на векот целото внимание беше насочено кон нас двајцата. Се правеше некакво ривалство, кое го следеа приказни дека не се поднесуваме. Во суштина бевме играчки во рацете на новинарите, кои создадоа лоша крв меѓу нас“, изјави Биаџи.
Макс особено се сеќава на победата против Роси на Донингтон во 2003 година, кога го престигна на самиот влез во целта.
„Валетино мислеше дека е готово. Трката е завршена само кога знамето е спуштено. Тој се опушти, јас го искористив тоа и победив“.
Бјаџо ја заврши својата кариера во Мото ГП во 2005 година, а подоцна освои две титули во Супербајк шампионатот во 2010 и 2012 година.