Утрински Весник
Свет

Азербејџанецот кој со искршена „лада“ прв тргна да помага во Турција доби нов автомобил

Азербејџанецот кој со искршена „лада“ прв тргна да помага во Турција доби нов автомобил

Азербејџаецот Север Бесирли, кој се вклучи во акцијата за помош на Турција со својата стар црвена „лада“, доби нов автомобил.

dobivaj vesti na viber

По земјотресите кои го погодија југоисточниот дел на Турција, Сервер го наполни својот стар автомобил со работи кои би им биле од помош на настраданите, па од неговата трошна куќа во Баку се упати кон Турција.

Фотографијата трогна многу луѓе, особено откако се дозна за условите во кои живее самиот Сервер. Многумина коментираат дека оние кои имаат најмалку секогаш даваат најголема поддршка.

Бесирли потоа гостуваше на национален канал во Азербејџан и даде информации за себе, по што доби одговор од азербејџански бизнисмен.

По излегувањето од студиото, бизнисмен по име Бахтијар, барајќи ја водителката за време на рекламата, му ветил на Сервер Беширли нов автомобил.

Во понеделникот азербејџанскиот херој Сервер повторно беше гостин во програмата и го доби клучот од својот нов автомобил.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња