Утрински Весник
Магазин

Автомобилскиот екран на допир може да биде поопасен од телефонот

Image 2026 01 20 215851703.png

Модерен екран на допир во нов автомобил може да изгледа како врв на луксузот. Но, некои стручњаци предупредуваат дека тоа може да доведе во сериозна опасност бидејќи пренасочувањето на вниманието во мигот на возењето е можеби поризично и од користењето телефон зад воланот.

Имено, истражувањата укажуваат дека времето на реакција на возачот се влошува над 50 отсто додека го чепкаат екранот пред себе. Ова, секако, има влијание врз концентрацијата, а потоа и врз безбедноста, се согласува д-р Милад Хагани, професор од областа на безбедноста на австралискиот Универзитет во Мелбурн.

– Ова е опасна комбинација и сигурен начин за значително ниво на одвлекување на вниманието. Ако говориме за одвлекување на вниманието, тука има три категории: визуелно, рачно и когнитивно. Во суштина, возачот може да ги тргне очите од патот, рацете од воланот, мислите од задачата за возење или некоја комбинација од овие три потези. Екраните на допир се особено опасни затоа што ги имаат сите три елементи на одвлекувачкиот стимул – изјави д-р Хагани.

Барањата за безбедност на автомобилите вообичаено се сосредоточени на побезбедни возила. Сепак, и наједноставната човечка грешка сè уште има значајна улога во огромниот број несреќи. Имено, корисникот мора да го погледне екранот, да го прочита менито, па ги користи и рацете за да се допрат вистинските опции и – да размисли што да избере од нив. Важно: Екраните на допир бараат и одредено времетраење на гледањето на опциите.

Д-р Хагани смета дека во оваа смисла телефонот и копчињата за притискање се помалку опасни од екранот на допир.

– Тие бараат само рачно одвлекување на вниманието – тргање на раката од воланот, но дозволува да ги држите очите на патот и без потреба од долги одржливи периоди на контакт со очите. Возачите бргу ја учат и усвојуваат таа мускулна меморија потребна за интеракцијата за копчиња и рачки, па потоа може да ракуваат со нив помнејќи каде тие се наоѓаат. Екраните ги лишуваат возачите од оваа корисна употреба на мускулната меморија. На возачите им треба пристап до такви копчиња или рачки, кои полесно се ракуваат, дури и ако се вклучени во функциите на екранот на допир, т.е. на возачите треба да им се дадат и тие опции – вели научникот.

Според него, контролите за температурата, бришачите на шофершајбната или звукот на радиото, кои вообичаено и постојано се приспособуваат при возењето, треба да бидат достапни, без потребата да се тргне погледот на возачот од патот.

Можете да прочитате

Австралиски плажи затворени по три напади од ајкули за два дена

Принцот Хари, Елтон Џон и Елизабет Харли го тужат „Дејли мејл“ за незаконско собирање податоци

Ран знак за рак на белите дробови: Што откриваат врвовите на прстите