Утрински Весник
Македонија

Автомобилскиот бренд „Гили“ отвора прв изложбен салон во Џевахир Мол Скопје

431610127 122159513996022963 5682662156273576629 N.jpg

Еден од водечките производители на автомобили „Гили“ (Geely) ќе отвори изложбен салон во новиот трговски центар Џевахир Мол Скопје. Со отворањето на првиот салон, „Гили Атлас“ (Geely Atlas), „Гили Кулреј“ (Geely Coolray)  и „Гили Старреј“ (Geely Starray) влегуваат на македонскиот пазар и ќе станат достапни и за македонските купувачи.

Салонот е дизајниран според високите стандарди на производителот и нуди доволно голем простор за изложбено претставување на автомобили. Џевахир Мол Скопје е првиот трговски центар со изложбен салон од вакви размери и што може да понуди егзибициско презентирање на перформансите на автомобил.

Кинескиот Гили е светски гигант во оваа индустрија и е еден од најпродаваните авто брендови за 2023 година на светско ниво. Гили во својата групација поседува светски познати брендови како што се Волво, „Линк&КО“ (Lynk&Co), „Полстар“ (Polestar), „Зикр“ (Zeekr) и “Смарт“ (Smart). Палетата на брендови на Гили ја зачувуваат практичноста на кинескиот автомобил, во комбинација со европската ДНК на моторот и размена на технологија помеѓу своите брендови.

Џевахир Мол Скопје се отвора на 29 март, а дел од брендовите коишто ќе бидат застапени со свој продажен простор се турскиот бренд за детска облека Панчо, Синсеј, ДеФакто, хипермаркетот Кит-Го, Урбан кафе Франк, Сара Фешн и ДМ.

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер