Утрински Весник
Свет

Автомобил влета во толпа на светлосна парада во Холандија, најмалку девет повредени

Img 3789.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Тешка несреќа се случи вечерва во холандскиот град Нунспет, кога автомобил удрил во луѓе собрани за време на традиционалната светлосна парада. Инцидентот се случил на улицата Елбургервег, по што настанот веднаш бил прекинат.

Според последните официјални информации, најмалку девет лица се повредени, од кои тројца се здобиле со тешки телесни повреди. На местото на настанот биле испратени големи сили за итни интервенции, вклучувајќи повеќе амбулантни возила и три медицински хеликоптери, а улицата била целосно блокирана.

Регионалните медиуми Омроеп Гелдерланд и РТЛ Ниус објавија дека автомобилот се забил во присутните кои ја следеле парадата, а фотографиите од местото на несреќата прикажуваат голем број возила за итни случаи и медицински екипи.

Полицијата, преку социјалните мрежи, го опиша настанот како сериозен и во подоцнежна објава потврди дека бројот на повредени изнесува девет лица. „Во овој момент се чини дека немало намера. Во тек е детална истрага за утврдување на точните причини за несреќата“, соопштија од полицијата.

Состојбата на повредените засега не е дополнително соопштена, а надлежните институции сè уште не потврдиле дали некое лице е уапсено во врска со инцидентот.

По несреќата, организаторите на годишната светлосна парада, која традиционално поминува низ четири села во регионот, информираа преку Фејсбук дека настанот нема да продолжи низ Нунспет, поради безбедносни причини и почит кон повредените.

Можете да прочитате

На аеродромот во Единбург авион на „Ryanair“ се судри со цистерна

Тројца тешко повредени по експлозија во хемиска фабрика во Франција

Русија изразува подготвеност да ѝ помогне на Венецуела во спротивставувањето на американската блокада