Утрински Весник
Свет

Автомобил влета во божиќен пазар во Англија

Автомобил влета во божиќен пазар  во Англија

Автомобил управуван од непознат возач влета во божиќниот пазар каде се собраа околу 800 луѓе во англискиот град Конглтон.

dobivaj vesti na viber

Според соопштението на локалната полиција, уапсени се три лица, а автомобилот подоцна бил пронајден напуштен.

Стив Браун, сопственик на продавницата на Хај Стрит, рече дека штотуку се затворал кога слушнал шкрипење на гуми и луѓе како врескаат.

„Беше апсолутно ужасно“.

Автомобилот, тврди тој, сигурно возел 80 километри на час.

Возачот на автомобилот не застанал, а луѓето, вели, трчале по него.

„Се уште не знаеме што се случува, но полицијата е тука“, изјави тој за Стоук Сентинел.

Полицијата во Конглтон соопшти дека никој не е повреден во инцидентот.

Во врска со овој настан уапсени се три лица.

Можете да прочитате

Раџави: Иранскиот народ треба да го собори системот на врховниот лидер Али Хамнеи

Иранска ТВ: Трамп го молеше Техеран за примирје

Генерал Замир: Ќе удриме со сила кон Иран откако сериозно го прекрши примирјето, Техеран негира лансирање ракета