Утрински Весник
Свет

Автомобил удри во 22 полицајци кои биле на обука во Лос Анџелес

Автомобил удри во 22 полицајци кои биле на обука во Лос Анџелес

Сериозен инцидент се случи денеска во Лос Анџелес кога автомобил удри во 22 полицајци кои биле на обука, пренесуваат медиумите во светот.

dobivaj vesti na viber

Пет од нив се во критична состојба, соопштија локалните власти.

Вкупно 23 лица се повредени, вклучувајќи го и возачот, изјави портпаролката на противпожарната служба на округот Лос Анџелес, Шила Келихер, пренесе АП.

Од преостанатите повредени 14 лица биле полесно повредени, меѓу нив и возачот.

Инцидентот се случил во предградието Витер, каде се наоѓа полициската академија.

„Сè уште не ја знаеме причината. Немаме никакви информации како возачот изгубил контрола“, рече Келихер.

Можете да прочитате

Мал авион се урна на аеродромот во Лондон Саутенд, бројот на патници е непознат

Уште шест лица повредени во трката со бикови во Памплона

Киев: Соборени 40 од 60 дронови со кои Русија ја нападна Украина