На регионалниот пат Куманово – општина Арачиново, кај Ново Село, Кумановско, автомобил „рено“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од В. С. (25) од Куманово, вчера излета надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а телесни повреди добиле сопатникот Ф.А.(48) и уште двајца малолетни сопатници, констатирани во Општата болница во Куманово, објави МВР.
Извршен бил увид од страна на полицијата.