Aвтоматска пушка и куршуми нашла полицијата при претрес во домот на лице од Сарај.
„На 02.08.2023 полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Ѓорче Петров лишен е од слобода Р.М.(43) од скопско. При претрес извршен со судска наредба во неговиот дом во општина Сарај, биле пронајдени автоматска пушка и 5 куршуми“, објави МВР.
Лицето е приведено во Полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.