Утрински Весник
Скопје

Автобусите на ЈСП доцнат повеќе од половима час а тие не сакаат да одговорат колку возачи го напуштиле претпријатието

Jsp 1.jpg

Додека граѓаните нервозни и револтирани чекаат и по повеќе од половина час дури и на +40 степени, од ЈСП не сакаат да одговорат на нашите прашања на што се должи нередовноста на автобусите, ниту пак да одговорат на прашањето колку возачи си заминале од почетокот на годинава до сега.

Како што веќе објавивме, граѓаните кои ги анкетираше екипата на 24Инфо велат дека автобус на ЈСП понекогаш се чека дури 30 до 40 минути, а иако поретко, понекогаш се случува истиот и воопшто да не дојде.

Повеќето од нив се револтирани и велат ситуацијата е катастрофална. Релациите се долги, а автобуси има се помалку, па тие се приморани долг период да чекаат на автобуските станици дури и на овие пеколни температури од 40 степени.

Некои велат имаат слободна, па кога ќе видат дека автобус нема, се качуваат и прекачуваат во повеќе автобуси за да стигнат дома, додека други пак истакнаа дека се случува да чекаат и до час и половина, но сепак се задоволни од превозот затоа што го има.

Анкетата погледнете ја во продолжение:

Можете да прочитате

МВР откри дали се во функција новите камери на „Безбеден град“

Општина Центар распиша Конкурс за избор на идејно решение за нова општинската административна зграда

Отстранета обемна дива депонија на булеварот никола карев