Утрински Весник
Свет

Автобус со туристи од Бугарија изгоре во Грција

Автобус со туристи од Бугарија изгоре во Грција
Dik 300x250 mk

Туристички автобус од Бугарија целосно изгоре во висина на мостот на влезот на Капнофитос, во Серес, објави грчката телевизија ЕРТ.

dobivaj vesti na viber

Пожарот настанал под непознати околности, а возачот веднаш го запрел возилото и ја известил противпожарната служба. Патниците со автобусот се упатиле кон пештерата Вознесение во Ахладохори, каде што се одржуваат верска прослава на празникот Вознесение Господово и безбедно се симнале од автобусот.

Петмина пожарникари со две противпожарни возила веднаш интервернирале и го изгаснале пожарот. Причините за пожарот се засега непознати.

Можете да прочитате

Украинците погодија брана во Русија

Севернокорејската министерка за надворешни работи, Чое во посета на Русија

Еден Србин и двајца Хрвати загинаа бегајќи од германската полиција