Утрински Весник
Скопје

Автобус симнал патници среде улица затоа што снемало гориво

Avtobusi nema mesto.jpg

Граѓаните утринава почнаа да ги чувствуваат првите ефекти од очекуваното поскапување на горивата, откако компаниите кои се занимаваат со продажба на горива започнаа со калкулации и прилагодување на своите залихи пред денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Некои патници утринава беа оставени од автобуси среде улица со образложение дека нема гориво, објави 4news.mk.


„Утринава се возев со автобус број 21, прво задоцни многу, а потоа не остави во Влае со образложение дека нема гориво“, изјави граѓанка за „Локално“, која патувала на релација Бардовци – Транспортен центар.

Од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) велат дека не се запознаени со случаи каде нивни автобуси ги оставаат патниците среде улица.

„Автобусите се покриени за денешниот ден, но каква ќе биде ситуацијата утре, којзнае“, велат од ЈСП.

Регулаторната комисија денеска треба да донесе нова одлука за покачување на цените на горивата, а на светските берзи барел нафта веќе достигна 110 долари.

Можете да прочитате

Институциите молчат за закланите коњи во ЗОО Скопје, порачаа од Анима Мунди

Евакуираните македонски државјани од ОАЕ стигнаа во Скопје

Вера Јоциќ да не биде заборавена! – Младите на 8-ми март со барање да се мапираат и обележат сите точки на женско културно наследство во Скопје