Утрински Весник
Свет

Австрија со конкретни предлози за побрза интеграција на Западен Балкан

Австрија со конкретни предлози за побрза интеграција на Западен Балкан

Министерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг, и министерката за европски прашања, Каролин Едштадлер, сакаат да промовираат побрза интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ и за таа цел во писмо и нон-пејпер до високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Жозеп Борел, и комесарот за проширување, Оливер Вархељ, тие презентираа конкретни предлози.

dobivaj vesti na viber

Во нон-пејперот се наведени предлозите што беа претставени во мај 2022 година, пренесува австрискиот јавен сервис ОРФ. Од гледна точка на двајцата австриски министри, ова има цел да го забрза стагнираниот процес на проширување на ЕУ. Во своето писмо Шаленберг и Едштадлер ја повикуваат ЕУ да има „јасен план за побрза интеграција до 2024 година и понатаму“. Според нацрт-документот, акцискиот план треба да обезбеди конкретни чекори за спроведување на постепената интеграција на земјите од Западен Балкан до 2024 година и потоа.

Згора на тоа, земјите од Западен Балкан треба редовно да бидат поканети да неформално учествуваат на состаноците на Советот на ЕУ. ОРФ наведува и дека проширувањето на ЕУ е високо на агендата на неформалниот самит на шефови на држави и влади на ЕУ следната недела, пренесува „Танјуг“.

Можете да прочитате

Биткоинот достигна рекордни 98.000 долари

Руте итно заминува кај Трамп

Бебето кое исчезна од породилиштето во Виена е пронајдено мртво во корпа за ѓубре