29-годишниот австралиски шанкер Ден Саундерс се збогатил преку ноќ. Тој во 2011 според „VICE“ бил надвор и пиел со пријателите во неговиот роден град северно од Мелбурн, кога сосема случајно го „провалил“ банкарскиот пропуст што било пресудно да стане накратко богат.
Тој излегол од локалот за да подигне готовина од банкоматот и открил дека банкоматот му дозволува да подигне многу повеќе пари отколку што имал на салдото. По неколку обиди, 29-годишникот сфатил дека нашол „дупка“ во системот и накратко се збогатил.
Во измама која траела пет месеци, Ден успеал да потроши околу 1,6 милиони долари од парите на банката. Тој организираше раскошни забави, изнајмуваше приватни авиони и им плаќаше школарина на пријателите додека, не беше фатен од полицијата, според написите.
Тој за „VICE“ опишува како сфатил дека банкоматот му дава пари, но состојбата на сметката му останала исто.
„Бев надвор ноќе, се обидов да префрлам пари од кредитна картичка на штедна книшка и да го проверам салдото на мојата сметка, но банкоматот постојано ми велеше: „Состојбата не е достапна во моментов“. Сè уште кликав за да го направам трансферот и така банкоматот рече „трансакцијата е откажана“ и ми ја врати картичката, мислев дека е многу чудно, па решив да се обидам да повлечам 200 долари од мојата штедна сметка само за да видам што ќе се случи, банкоматот ми ги исфрли парите, па се вратив во барот и продолжив да пијам. Откако излегов од барот си одев дома и поминав на истиот банкомат. Мислев колку е чудна целата работа па ја вратив картичката и почнав да си „играм“. Ставив уште 200 долари и подигнав. Потоа 500 долари, па 600 долари, само за да видам што ќе се случи. Тоа беше како магичен трик“, изјави Ден.
Тој рече дека следното утро мислел дека сето тоа го сонувал, па се јавил во банка за да добие извод за состојбата на неговата сметка. Тогаш сфатил дека има разлика помеѓу она што му го дал банкоматот и салдото на банката, што значело дека се што вадел од штедната книшка воопшто не било регистрирано. Тој сфатил дека со ноќен трансфер од неговата кредитна и штедна сметка во исто време кога банкоматот е офлајн (помеѓу 1 и 3 часот по полноќ), може да добие пари што ги нема.
Ден почна да влече стотици долари. Дури и кога неговото „вистинско“ банкарско салдо паѓаше сè подлабоко во црвено, тој продолжи едноставно да печати готовина. Тој потрошил вкупно околу 1,6 милиони долари користејќи го неговиот систем за измама. Но, на крај почуствувал вина за она што го прави.
Му се доверил на својот терапевт кој му кажал да се предаде.
Често сонувал дека е фатен и дека има кошмари. Три години по измамата, Дан беше уапсен и обвинет за 111 точки за измама и кражба. Во мај 2016 година, Ден го напушти затворот откако помина една година зад решетки – и се врати на работа во бар за 12,50 долари на час, според медиумот.