Утрински Весник
Спорт

Австралијката МекКион постави светски рекорд на 100 метри грбно

20240927104846 Big 730x400 86.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Австралиската пливачка ѕвезда Кејли МекКион го собори светскиот рекорд на 100 метри грбно во 25 метарски базени на националното првенство во Аделаида.

МекКион синоќа ја исплива патеката во време на нов светски рекорд на 100 метри грбно со време од 54,56 секунди.

По Олимпијадата во Париз, на која освои злато на 100 и 200 метри, 23-годишната МекКион рече дека и е досадно да седи дома и ќе се пријави за националните првенства во Аделаида.

„Ми се вртеше малку додека седев дома, па пред две недели одлучив повторно да скокнам во базенот. Не се подготвував посебно, само малку го засилив тренингот и очигледно ми се исплатеше“, изјави МекКион. 

Можете да прочитате

Десетта победа за ТФТ во првенството

Специјализирани тестирања на олимписките стипендисти за Лос Анџелес 2028

Фудбалските менаџери заработија рекордни пари во 2025