Утрински Весник
Магазин

Австралија: И „Амазон твич“ забранет за лица под 16 години, „Пинтерест“ ја избегна забраната

Laptop Deca.webp.webp

Австралија ќе ја вклучи услугата на „Амазон“ за пренос во живо – „Твич“, во својата забрана за социјални мрежи за лица под 16 години од 10 декември, изјави австралискиот комесар за е-безбедност. Платформата за споделување слики, „Пинтерест“ нема да биде вклучена во новите мерки.

„Твич“ ќе ги деактивира профилите на малолетните корисници од 9 јануари и ќе спречи креирање нови профили од лица под 16 години. Комесарот рече дека иако „Пинтерест“ дозволува одредена социјална интеракција, неговата примарна цел е да собира слики и да генерира идеи, па затоа не спаѓа во таа категорија социјални медиуми.

Според новите правила, компаниите коишто нема да ја почитуваат забраната би можеле да се соочат со казни и до 32 милиони долари.

Порано овој месец, мерките за забрана и ограничувањето во однос на возраста, ги опфатија „Редит“, „Фејсбук“, „Инстаграм“, „Снепчет“, „Тредс”, „Инстаграм” „Кик“,, „Тик-ток”, „Икс” и „Јутјуб“. 

Можете да прочитате

Бесплатни проекции на регионални филмови на Зимското издание на Фестивалската мрежа на Јадранскиот регион

Како правилно да го чувате брашното за да остане свежо?

Влијанието на сексуалната активност врз телото и умот