Утрински Весник
Свет

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Mobile.webp.webp

Австралискиот парламент усвои закон со кој им забранува на децата под 16 години да користат социјални мрежи, што е една од најстрогите регулативи насочени кон платформите во светот.

Предлог-законот, кој беше усвоен во Сенатот бара платформите за социјално вмрежување како Инстаграм, Фејсбук и ТикТок да ги спречат лицата под 16 години да имаат сметки.

Неуспехот да се стори тоа може да резултира со казни до 50 милиони австралиски долари (32,5 милиони американски долари).

Премиерот Ентони Албанесе го бранеше законот и им рече на родителите да го поддржат законот.

Пред парламентарното гласање, Албанесе рече дека социјалните мрежи се „платформа за притисок од врсниците, двигател на вознемиреност, алатка за измамници и, најлошо од сè, алатка за онлајн предатори“.

Тој додаде дека сака младите Австралијци „да се тргнат од телефоните и да одат на терените за фудбал и крикет, тениски и кошаркарски терени, на базен“.

Додека застапниците за приватност и некои групи за правата на децата се спротивставија на законот, 77 отсто од јавноста ја поддржа забраната за помлади од 16 години, според најновата анкета.

Австралискиот застапник за борба против насилството, Али Халкиќ, чиј 17-годишен син Алем изврши самоубиство во 2009 година, откако беше малтретиран на социјалните мрежи, го пофали законот, велејќи дека тоа е „почетна точка“ да се врати контролата на родителите.

Во меѓувреме, лоби групи и академици предупредуваат дека забраната може да ги спречи ранливите млади луѓе, вклучително и оние од ЛГБТК заедницата и тинејџерите мигранти, да најдат мрежи за поддршка.

Австралиската комисија за човекови права рече дека законот може да влијае и на човековите права на младите со блокирање на нивната способност да учествуваат во општеството.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Уште една европска земја воведува туристички такси