Утрински Весник
Свет

Австралија го усвои законот за злосторство од омраза, задолжителни казни за нацистички поздрави

20250206120216 Big 730x400 90.webp.webp

Австралија денеска донесе закон за злосторство од омраза, кој вклучува задолжителни минимални казни за дела за тероризам и истакнување симболи од омраза.

Според новиот закон, минималните затворски казни ќе бидат до 12 месеци за помалку сериозни злосторства од омраза, како што се нацистички поздрави во јавноста, и шест години за оние кои се осудени за терористички дела.


„Сакам оние кои се занимаваат со антисемитизам да бидат повикани на одговорност, обвинети и затворени“, изјави австралискиот премиер Ентони Албанезе во интервју за Скај њуз.

Тој претходно се спротивстави на задолжителните минимални казни за злосторства од омраза.

Законот за злосторства од омраза првпат беше воведен во парламентот минатата година, создавајќи нови кривични дела поврзани со закани со насилство или употреба на сила врз луѓе врз основа на нивната раса, религија, националност, политичко мислење, пол, сексуална ориентација и родов идентитет.

Последните месеци се забележани зголемени напади врз синагоги, згради и автомобили на членови на еврејската заедница низ целата земја, вклучувајќи го и откривањето на караван со експлозиви и список на еврејски цели во Сиднеј.

Албанезе беше критикуван од десничарската опозиција за неговиот слаб пристап кон криминалот и неуспехот да се справи со порастот на антисемитизмот.

Министерот за внатрешни работи Тони Бурк рече дека законот е „најстрогиот што Австралија некогаш го имала против злосторството од омраза“.

Сојузната држава Нов Јужен Велс, каде што се случија најмногу антисемитски напади, вчера соопшти дека ќе ги зајакне и законите за говор на омраза за да ги усогласи со законите кои се веќе во сила во Западна Австралија и Викторија.

Можете да прочитате

Се шири нов опасен Тикток-предизвик со злоупотреба на парацетамол, Бугарија веќе издаде предупредување

Украина заробила повеќе од 900 руски војници за време на операцијата во Курск

Западни весници со коментари по објавата на Трамп за Газа