Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Аврамоска: Левица во Советот на Охрид беше најактивна партија – така и ќе продолжиме

Levica.jpg
Img 7972

Соопштение за јавност на Левица:

 ,,Во изминатиот мандат токму Левица беше најактивната политичка партија во Советот на Општина Охрид и најгласен застапник на интересите на граѓаните”, истакна носителката на советничка листа на Левица во Општина Охрид, Виолета Аврамоска, на средбата со граѓани во Охрид на која присуствуваа Претседателот на ПП Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, пратеничката Јована Мојсоска, и останатите кандидати за советници.


,,На нашата советничка листа има повеќе кандидати жени отколку мажи – 12 жени и 11 мажи. Тоа е доказ дека жената не сака да биде само нем набљудувач на локалните политики, туку и активен креатор,” изјави Аврамоска.

Таа потсети дека Левица во изминатите четири години била единствената партија што редовно поднесувала иницијативи до Советот со цел решавање на конкретни проблеми на граѓаните.

 „Од иницијативите кои се реализираа, посебно значајна е онаа за отворање на простор за деца со церебрална парализа во објект во поранешната касарна. Бевме најактивната политичка партија која на таков начин дејствуваше во Советот на Општина Охрид, за разлика од некои советници на кои четири години ни гласот не им го слушнавме,” нагласи таа.

Аврамоска додаде дека Левица ќе продолжи со истото темпо и во новиот мандат, со цел, како што рече, „да се врати вистинската смисла на локалното претставување и да се слушне гласот на граѓаните”.

Можете да прочитате

Во пиперки од Македонија откриена опасна супстанца

17годишно момче тешко повредено откако паднало од мотор

Чупеска: Станавме заложници на внатрешно-политички игри и надворешни влијанија од авторитарни сојузи