Утрински Весник
Македонија

Јавноста шокирана: Дете врзано со јажиња – МВР преземаат мерки

Img 2158.jpeg

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео на кое се гледа дете заврзано со јажиња околу вратот, рацете и нозете, наводно поради тоа што земало пари. Според коментарите под објавата, неофицијално, сторител на овој чин е таткото на детето.

По реакциите во јавноста, од Министерството за внатрешни работи информираат дека веднаш биле преземени мерки.


„Во врска со видеото кое се споделува по социјалните мрежи, Ве известуваме дека СВР Струмица веднаш презеде мерки. Откриен е идентитетот на сторителот и по консултација со јавен обвинител ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело ‘насилство врз дете’ по член 201а од Кривичниот законик“, информираат од МВР.

Дополнително, за случајот е информиран и Центарот за социјални работи Струмица, по чии насоки детето е згрижено и предадено на мајката.

Случајот предизвика силни реакции во јавноста, со повици за остри санкции и поголема заштита на децата од насилство.

Можете да прочитате

Венко Крстевски ќе се кандидира како независен за градоначалник на Кочани

Скопјани, тетовци и кумановци први ќе го искусат проектот „Безбеден град“

Божиновска по повод Денот на рударите: Наша цел е секој рудар да се враќа дома безбеден и горд