Утрински Весник
Македонија

Јавниот повик е распишан: Следува набавка на 120 електрични еколошки автобуси

Nikoloski pat.jpg

Веќе е распишан јавниот повик за набавка на 120 електрични еколошки автобуси, а согласно Законот за јавни набавки понудите се собираат во рок од 30 дена и треба да стигнат до средината на јули, најави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Автобусите, како што кажа, ќе доаѓаат со станици за полнење.


Предвидено е на два автобуси да има најмалку една станица за полнење што значи дека целиот систем е добро осмислен. Се надевам дека ќе имаме поголема конкуренција и дека повеќе компании ќе се пријават на повикот. Со тоа би ги имале најдобрите и најмодерни автобуси со најдобра цена, рече Николоски во одговор на новинарско прашање на пуштањето во употреба на реконструираниот регионален пат Понов мост – Богданци на кое присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски.

Од 120. Автобуси, како што кажа, се очекува 80 да бидат наменети за градскиот превоз во главниот град, а останатите 40 да им бидат поделени на општините кои извршуваат јавен превоз.

На тој начин се надевам дека ќе помогнеме не само за побрзо и поефикасно да стигнуваат граѓаните во рамки на општините во кои живеат, но и за заштита на животната средина зашто се работи за целосно електрични автобуси кои треба да намалат голем дел од загадувањето.

Можете да прочитате

Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на партиската трибина на СДСМ

Чупеска : ДПМНЕ со системски упади го руши владеењето на правото и ги игнорира меѓународните препораки

Пластичен хирург утре во посета на повредните во пожарот во „Пулс“ кои се на рехабилитација во Пониква