Утрински Весник
Македонија

AВМУ со осуда поради запалениот автомобил на сопственикот на штипската телевизија

Zapalen Avtomobil Sersemov.jpg

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува чинот на опожарување на возилото на сопственикот на регионалната телевизија М-Нет ХД од Штип, Благој Серсемов, од страна на непознати сторители во дворот на неговата семејна куќа.

„Заканите и заплашувањата насочени кон медиумите ја поткопуваат демократијата, слободата на говорот и слободата на информирање. Безбедноста на медиумските работници е клучна за постоење на независни и професионални медиуми, кои се еден од главните стожери на демократските процеси и кои придонесуваат за унапредување на слободата на изразување“, велат од АВМУ.

Апелираат, Министерството за внатрешни работи во најскоро време да го расчисти случајот и да ја информира јавноста за причините кои довеле до овој вандалски чин.

Можете да прочитате

Грк се обидел да влезе во Македонија со лажна кипарска дозвола

Вработен во банка во Велес украл 4.000 евра од туѓа сметка

Тешка сообраќајка попладнево, едно лице загина на патот Виница – Кочани