Утрински Весник
Македонија

АВМУ: Користењето буџетски средства за рекламирање во медиумите е спротивно на законот

Осуда за нападот на новинарската екипа на ТВ 24 Вести

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги соопшти дека одлуката на Министерството за надворешни работи да потроши 100.000 евра за кампања со цел промовирање на претседавањето со ОБСЕ е спротивна на законот.

dobivaj vesti na viber

„ Користењето буџетски средства за рекламирање во медиумите е во спротивност со член 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

За вакви и слични настани кои се од голема важност за државата, граѓаните не само што имаат право туку и треба да бидат информирани, но на други начини, а не преку трошење на буџетски средства. Користењето средства на даночните обврзници за рекламирање на власта преку комерцијалните радиодифузери може да предизвика нарушување на независноста и на уредувачката самостојност и истовремено може да создаде клиентелистички однос на медиумите кон власта“ се наведува во реакцијата на АВМУ.

Можете да прочитате

Томас Вајц под закани поради извештајот за Македонија

Томас Вајц под закани поради извештајот за Македонија

За 14 години, Македонија изгубила 11,4 отсто од населението, тврди Евростат