Утрински Весник
Скопје

„Авионот е преполовен, хеликоптерот главно недопрен“: трае потрагата по преживеаните

Screenshot 2025 01 30 112702.jpg

Во тек е многу сложена операција за пребарување по преживеаните и по телата на загинатите кога патнички авион се судри со воен хеликоптер над Вашингтон. Температурите може да се спуштат до -10 степени во текот на ноќта, јавува Би-би-си. Температурата на водата е на точка на замрзнување.

Авион на „Американ ерлајнс“, со 60 патници и четворица членови на екипажот, слетувал на националниот аеродром „Роналд Реган Вашингтон“ кога во воздух се судрил со воен хеликоптер „блек хок“, во кој се наоѓале тројца војници.


Двете летала паднале во реката Потомак, а по ударот, авионот се скршил на делови. Во акцијата за пребарување и спасување учествуваат повеќе од 300 луѓе.

„Условите се исклучително тешки за спасувачите. Многу е студено и ветровито“, изјави шефот на противпожарната служба во Вашингтон, Џон Донели, на прес-конференција.

„Хеликоптерот е превртен наопаку, но се чини дека е главно недопрен“.
Новинарот на Си-би-ес, Крис ван Клив, рече дека човечки останки и остатоци од авион дошле на страната на Вирџинија на реката Потомак.

Тој додаде дека авионот се скршил на половина и дека нуркачките тимови имале пристап до кабината и пронашле една црна кутија. Тој исто така објави дека хеликоптерот бил превртен наопаку, но се чини дека е главно недопрен.

Извор:Makfax

Можете да прочитате

22. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни

Ѓорѓиевски за ождребената кобила: Иако тоа не е наша обврска, службите на ЗОО – Скопје веднаш постапија и покажаа вистинска грижа

Есенска дератизација во општина Аеродром