Утрински Весник
Свет

Авион со српски туристи не полетал од Истанбул поради маглата

Авион со српски туристи не полетал од Истанбул поради маглата

Авионот со српски туристи во Истанбул денеска не полетал поради магла, соопштија за Танјуг во српскиот конзулат во тој турски град.

dobivaj vesti na viber

Според нив, сите патници се згрижени, а полетувањето на авионот било откажано поради, како што велат, густата магла на азиската страна на Истанбул, каде што се наоѓа аеродромот „Сабиха Ѓокчен“.

Според медиумите, околу 30 српски туристи се наоѓаат на аеродромот од каде што требаше да тргне авионот за Белград во 11 часот по турско време.

Можете да прочитате

Иранска револуционерна гарда: Ормускиот Теснец останува затворен по наредба на ајатолахот

Русија ги предупредува граѓаните да не патуваат во Германија

Иран не поставува мини во Ормускиот Теснец, изјави Тахт-Раванчи