Утрински Весник
Свет

Авион падна врз приватни куќи, евакуацијата е во тек (ВИДЕО)

2287723.jpg

Мал авион се урна во населба во Сан Диего за време на магла рано утрово во четврток, предизвикувајќи пожар во околу 15 домови и евакуација на жителите во неколку блока, соопштија властите.

„Имаме гориво насекаде“, рече помошникот началник на противпожарната служба Ден Еди.


– Нашата главна цел е да ги пребараме сите овие куќи и да ги извлечеме сите луѓе – додаде тој.

Тој рече дека имало „директен удар врз повеќе куќи“ во населбата Мерфи Кењон.

Сè уште не е познато дали има повредени.

Еди рече дека имало многу густа магла во времето кога се урнал приватниот авион.

– Едвај можеше да видиш пред тебе – рече тој.

Федералната администрација за авијација (FAA) соопшти дека авионот „Цесна 550“ се урна во близина на аеродромот Монтгомери-Гибс.

„Бројот на луѓе што биле во авионот во овој момент е непознат“, се вели во соопштението на ФАА.

Авионот може да превезува од шест до осум лица.

Можете да прочитате

Трамп: Кажете му на Медведев да внимава што зборува

Приземјени сите летови на поголемите аеродроми во Велика Британија поради „откажување на радарот“

Најсилниот земјотрес во историјата се случил во Чиле во 1960 година