Утрински Весник
Свет

Авион од Бања Лука се урна во Австрија

Avion.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Мал авион, кој денеска полетал од аеродромот во Бања Лука кон Зел ам Зе, Австрија, се урна недалеку од аеродромот во целната дестинација. Во несреќата загина пилотот, кој бил единствениот во леталото.

Според австриските медиуми, последниот контакт со авионот бил остварен во 55. минута од летот, над Халег во Корушка. Според планот, авионот требало да слета во 12:48 часот, но на самиот приод кон аеродромот во Зел ам Зе се случила несреќата.


Командантот на противпожарната бригада, Клаус Портенкирхнер, изјави дека авионот завршил на блиската ливада без да избие пожар. Причините за падот сè уште не се познати, а според него, временските услови и видливоста биле идеални.

Сите спасувачки екипи се на терен, а истрагата за точните околности на несреќата е во тек. Засега не се објавени податоци за националноста и возраста на пилотот.

Можете да прочитате

Се урна приватен авион во Северна Каролина

САД предлагаат забрана за интервенции за промена на пол кај деца

ЕУ бара договор за финансирање на Украина со замрзнати руски средства