Утрински Весник
Македонија

Јавен увид во Избирачкиот список за Локалните избори направиле 1712 граѓани

20250823082647 big 730x400 10.webp.webp
Dik 300x250 mk

Заклучно со 28 август, вкупно 1712 граѓани направиле увид на своите лични податоци во Избирачкиот список за Локалните избори 2025. Од нив, само еден поднел барање за запишување во Избирачкиот список, 19 лица поднеле барање за промена на личните податоци во Избирачкиот список и едно лице побарало бришење, информираат од Државната изборна комисија. 

ДИК, како што посочуваат од Комисијата, има одлична соработка со сите релевантни институции за ажурирање на Избирачкиот список.


Јавен увид во Избирачкиот список  за Локалните избори може да се направи во сите подрачни одделенија или канцеларии на ДИК низ државата, а увидот завршува на 11 септември на полноќ.

Можете да прочитате

(Видео) Не е само почвата – и Вардар е затрупан со ѓубре

ВМРО-ДПМНЕ врши притисоци и уцени, се пожали Филипче

Обвинителство со детали за апсењето на директорот на „Комунална хигиена“