Утрински Весник
Македонија

Аваја е единствен политички легитимен претставник на ромската заедница

Img 4029.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Политичката партија Аваја докажа дека работи исклучиво во интерес на ромската заедница и е на добар пат да го обедини ромскиот електорат, констатираа претседателот на партијата Акиф Кариман и генералниот секретар, Елвис Мемети. На денешниот брифинг со новинарите, тие рекоа дека на овие избори настапиле самостојно и независно во служба на ромскиот народ заради една единствена причина – постигнување колективен напредок. „Аваја одговори на барањата на заедницата, го преземавме ризикот, ја следевме подготвеноста на заедницатa и понудивме избор кој што направи разлика и постави поинаков стандард на политичка борба во интерес на нашиот народ”, рече Мемети.

Кариман, осврнувајќи се на статистичките резултати, наведе дека иако партијата се регистрира две недели непосредно пред изборите и за неполн период од еден месец на дејствување, освои 2909 гласа. Бројот на неважечки ливчиња, според официјалните записници, изнесува 1.250 гласови, затоа што на нив е заокружено за кандидат од некоја од поголемите партии (од кој бил даден поткуп) и заокружен бројот 10, вели Кариман.

Во сите изборни единици во кои настапи Аваја – 3,та 4-та, 5-та и 6-та, добиените политички гласови за партијата направи сериозна разлика во распределбата на мандатите. Излезноста на ромското население, со кампањата на Аваја, се зголеми за 10 до 15 проценти во однос на досегашните изборни циклуси.

Можете да прочитате

Мицкоски: Линеарното зголемување ќе донесе плус 7.000 денари на пензиите до април 2026

Наслов: Кривична пријава за измама при продажба на куќа во Тетово

Николоски: Македонски експерти работат на стабилизација на свлечиштата и косините на автопатот Охрид-Кичево