Фудбалерите на Атлетико Мадрид се пласираа во четвртфиналето, во Купот на Кралот. „Јорганџиите“, по продолженија го победија Реал со 4:2. Во регуларните 90 минути натпревато заврши 2:2.
Осум дена по полуфиналниот дуел во Суперкупот на Шпанија, кога Реал славеше по продолженијата со 5:3, градските ривали приредија нов спектакл. Разликата е таа што сега победи Атлетико и така го остави Реал без шанси да го одбрани трофејот освоен минатата сезона.
Дуелот во Купот, донесе атомски фудбал, два комични гола и ревија на жолти картони. Судијата Фернадез покажа по шест жолти за играчите на двата тима.
Атлетико два пати водеше во основниот дел, преку Самуел Лино во 39. и Алваро Мората во 57.минута, кога ја искористи лошата комуникација меѓу голманот Лунин и Ридигер.
Реал израмни на 1:1 со авто-голот на Облак во 46.минута од првиот дел, а во 83.минута на 2:2 изедначи Хоселу.
Третиот гол за Атлетико го постигна Гризман во 100.минута, по извонредна соло акција, а точка на мечот стави Рикелме во 119.минута.