Утрински Весник
Спорт

Атанасов: Верувам дека можеме многу подобро од прикажаното

Img 4397.jpeg

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аердром одлично го стартуваше настапот во АБА2 лигата откако славеше со убедливи 68-50 во првото коло против Теодо од Црна Гора.

Тренерот Васко Атанасов јасно стави до знаење дека очекува подобри изданија во нападот од своите избраници.

„Честитки за моите кошаркари за покажаната желба и борбеност, кои ни ја донесоа посакуваната победа. Делувавме одлино во дефанзивата и тоа беше клуч завечерашниот триумф, додекаво нападот имаме уште за работа, што е разбирливо со огледшто е почеток на сезоната. Задоволен сум од приодот и дисциплината, иако верувам дека можеме многу подобро од прикажаното“, изјави Атанасов.

Следен предизвик за МЗТ Скопје е дуелот од Супер-купот на Македонија против Пелистер што на програмата е в сабота во СРЦ „Кале“.

Можете да прочитате

Нов пораз на Е.Пелистер во Лигата на Шампионите

Пораз на стартот на Работнички во АБА 2 лигата

Дерик Роуз објави крај на кариерата