Англискиот премиерлигаш Астон Вила има одлична сезона под раководство на Унаи Емери, а амбициите за следната се уште поголеми. Раководството на клубот ќе се обиде да реализира голем трансфер и подготвува понуда за српскиот интернационалец Душан Влаховиќ од Јувентус.
Душан Влаховиќ има слаба сезона во италијанскиот тим. Во сите натпреварувања има постигнато 12 гола, а настапите се далеку од очекувани. Сѐ повеќе се шпекулира за негово заминување од Торино, а се чини дека Јувентус нема ништо против да го продаде доколку пристигне понуда поголема од 70 милиони евра.
Астон Вила, според медиумите на Островот, е подготвена да плати дури 100 милиони евра за да го доведе Влаховиќ во Бирмингем.