Утрински Весник
Спорт

Астон Вила и Јувентус со стартни победи во ЛШ (ВИДЕО)

Juvea.jpg
Dik 300x250 mk

Јувентус и Астон Вила ја потврдија улогата на фаворити и издвојуваа победи над ПСВ и Јанг Бојс во првите два натпревари од групната фаза на Лигата на шампионите.

„Старата дама“ во првото коло со сигурни 3-1 славеше над клубот од Ајндховен, ПСВ.

Избраниците на Мота во периодот од 21 до 27 минута постигнаа два брзи гола преку Јилдиз и МекКени за водство од 2-0, а пак на почетокот на вториот дел летното засилување Гонзалес зголеми на 3-0. Гостите постигнаа почесен погодок во судиското продолжение.

Астон Вила пак полесно од очекувањата се справи со Јанг Бојс во Берн. Тилеманс, Рамзи и Онана стрелаа за 3-0 во средба во која на Вила и беа поништени уште два гола.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ ја освои 101та титула

Марко Трајановски ќе го брани Македонското знаме во Виена, Австрија

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја