Утрински Весник
Спорт

Астон Вила го отпушти Стивен Џерард

Астон Вила го отпушти Стивен Џерард

Астон Вила објави дека го отпуштила Стивен Џерард по тешкиот пораз од Фулам со 3:0 во 12. кола на Премиер лигата. Тимот на Џерард одигра очаен натпревар, а Фулам славеше со головите на Рид во 36., Митровиќ во 68. од пенал и автогол на Мингс на седум минути пред крајот на натпреварот.

dobivaj vesti na viber

Астон Вила на последните четири натпревари има исто толку порази, односно тимот од Бирмингем има само една победа на последните осум натпревари.

Џерард доби отказ по само 11 месеци, а англиските медиуми пишуваат дека Астон Вила ќе се обиде да го доведе Маурисио Покетино.

Астон Вила под водство на Џерард во 2022 година, освои 32 бода во 31 натпревар. Поранешниот капитен на Ливерпул со Вила имаше три и пол годишен договор, за плата од 5,5 милиони фунти по сезона.

Во летниот преоден рок потроши 52 милиони фунти, но не успеа да го разбуди тимот. Астон Вила во следното коло го пречекува Брентфорд, а тимот најверојатно ќе го предводи помошниот тренер Гери Мекалистер.

Можете да прочитате

Бронза за македонската џудистка Ива Богдановска на Балканското првенство во Тирана

Едисон Кавани и Бока Јуниорс ја продолжија соработката

Симоне Инѕаги експресно го одби Манчестер Јунајтед