Џастин Бибер смета дека Канје Вест ја преминал границата со неодамнешните коментари на сметка на неговата сопруга Хејли Бибер.
Поп-ѕвездата (28) му се налути на Канје (45), откако неодамна вербално ја нападна 23-годишната манекенка.
„Џастин е многу заштитнички настроен кон Хејли. Тој е прилично вознемирен од нападот на Канје врз неа, каде кажал навредливи и невистини работи“, открива извор во разговор со „Ентертејнмент тунајт“.
Хејли беше мета на Канје откако таа ја изрази својата поддршка за модната новинарка на „Вог“, Габриела Карефа-Џонсон, која јавно ја искритикува облеката на Канје, со натпис White Lives Matter.
Џастин сега се дистанцира од Канје и сака да ѝ понуди поддршка на својата сопруга.
„Тој се чувствува како да му бил вистински пријател на Канје и се обидел да се соживее со него во минатото, но ова ја премина границата“, рече инсајдерот.