Цезар Аспиликуета за неколку дена ќе стане слободен играч и најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Интер. Шпанецот со 44 настапи за националниот тим, во август ќе наполни 34 години.
Капитенот Аспиликуета има договор со Челси и за следната сезона, но италијански извори, меѓу кои и стручњакот за трансфери Џанлука Ди Марцио, пишуваат дека тој договор ќе биде раскинат и дека Аспиликуета ќе се пресели во Интер.
Аспиликуета во Челзи пристигна од Олимпик Марсеј во 2012 година. Со клубот од „Стенфорд Бриџ“ ги освои сите трофеи во клупскиот фудбал.
Вкупно, тој одигра 508 натпревари за „сините“, постигна 17 гола и забележа 56 асистенции.