Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Асенсио по секоја цена сака да го напушти Реал

Асенсио по секоја цена сака да го напушти Реал
300x250 opst2

Марко Асенсио има желба до крајот на преодниот рок да го напушти Реал Мадрид. Тој е незадоволен, смета дека нема да има минутажа доколку остане во Реал и дека тоа може да се одрази на неговиот статус во репрезентацијата.

dobivaj vesti na viber

Доколку остане во Реал Мадрид и на клупата како досега, со оглед на конкуренцијата која владее во националниот тим на неговата позиција, тој сигурно е дека нема да добие покана за Мундијалот, што би било голем удар за него.

Поради ова, неговиот менаџер Жорге Мендеш се обидува да му го најде најдобриот можен клуб до крајот на преодниот рок, а Реал нема да се противи на продажбата.

Асенсио влезе во последната година од договорот и Реал би биле задоволни со понуда од околу 30.000.000 евра.

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг