Утрински Весник
Свет

Аселборн: Земјите од НАТО треба да внимаваат да не паднат во нова стратешка зависност од Кина

Аселборн: Земјите од НАТО треба да внимаваат да не паднат во нова стратешка зависност од Кина

Министерот за надворешни работи на Луксембург Жан Аселборн предупреди дека земјите од НАТО мора да внимаваат да не паднат во нова стратешка зависност, овојпат од Кина.

dobivaj vesti na viber

Пред денешната седница на конференцијата на министрите за надворешни работи на НАТО во Букурешт, Аселборн изјави дека Кина на свој начин ги толкува човековите права. Тој смета дека е добро што американскиот претседател Џо Бајден и германскиот канцелар Олаф Шолц разговарале со кинескиот претседател Шји Џинпинг.

„ Ние сме на иста линија кога станува збор за руските закани со нуклеарно оружје. Верувам дека и Кина сака да заврши оваа војна против Украина и да не дојде до нуклеарна катастрофа“, објасни Аселборн.

Тој посочи дека има многу делови во нашите мобилни телефони и автомобили кои доаѓаат од Кина и дека е потребно да се внимава да не се создаде нова зависност.

Аселборн ја критикуваше употребата на сила против учесниците на протестите во Кина, нагласувајќи дека во 21 век граѓаните не можат „да се стават во една рамка и да им кажат дека постои само една филозофија и тоа на државата“.

„ Луѓето се стремат кон слобода, а Кинезите ќе мора да го сфатат тоа“, нагласи Аселборн. Тој рече дека сликите кои доаѓаат од Иран и сега од Кина не се добри слики во 21 век.

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата