Утрински Весник
Спорт

Артета: Судијата не оштети, требаше да победиме

Артета: Судијата не оштети, требаше да победиме

Арснеал не успеа да го Њукасл во дербито на колот, во Премиер лигата. Со натпревар повеќе, Арсенал сега има осум поени повеќе од актуелниот шампион Манчестер сити. Артета тврди дека главниот судија не им дозволил на неговите фудбалери да дојдат до победата.

dobivaj vesti na viber

Натпреварот заврши без голови, а Артета тврди дека лидерот во Премиер лигата бил оштетен за два пенали.

Прво во 58. минута кога Габриел беше соборен пред голот на Њукасл, а вториот пат во петтата минута од судиското надополнување, кога топката го удри во раката Џејкоб Марфи.

„Исклучително сум горд на играчите. Како играа, доминираа, се обидуваа да го контролираат натпреварот. Ни требаше таа искра пред голот. Имавме многу ситуации и две скандалозни одлуки. Тоа беа два пенали, многу е едноставно. Зборувам за тоа што го видов. Тоа беа два скандалозни пенали“, се налути Артета.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига