Утрински Весник
Спорт

Артета се договорил со двајца играчи

Артета се договорил со двајца играчи
Dik 300x250 mk

Арсенал мора да биде активен во зимскиот преоден рок. Повредата на Габрел Жесус значи дека клубот мора да донсе напаѓач. Бразиелцот се повреди на СП, го оперираше коленото, прогнзите се дека ќе се врати во тимот за три месеци.

dobivaj vesti na viber

Покрај овој непланиран маневар, менаџерот Микел Артета има план да го донесе талентираниот Украинец Микхаило Мудрик. На лето Артета го планира Јури Тилеманс.

Микел Артета има намера сериозно да го засили редот за врска, во двете линии дефанзивната и офанзивната. Наводно со Мудрик и Тилеманс постигнал договор.

Летниот трансфер на Белгиецот нема да биде проблем, бидејќи тој ќе биде слободен играч по завршувањето на сезоната. Поголем проблем ќе претставува трансферот на Мудрик.

Шахтјор објави дека Мудрик вреди 100.000.000 евра, иако се претпоставува дека би можеле да прифатат понуда од 60.000.000 евра.

Можете да прочитате

Јамал, Дембеле и Салах номинирани за наградата „Најдобар“ на ФИФА

Ѓоковиќ го победи Борхес и се пласираше во полуфиналето на турнирот во Атина

Милевски повика 28 фудбалери за средбите со Летонија и со Велс