Утрински Весник
Македонија

Артан Груби нема албански пасош

Grubi.webp.webp

Откако избега и откако во медиумите се појавија мноштво шпекулации за тоа каде е поранешниот вицепремиер Артан Груби, но и дали има нечије друго државјанство, денес стигна информација од официјална Тирана за тоа да тој можеби има албанско државјанство.

„Артан Груби нема албанско државјанство“, изјавил за БИРН, советникот за медиуми на албанскиот претседател, Арта Сакја.


Нема ниту запис во албанскиот службен весник кој би покажал дека Груби се здобил со нивно државјанство, објавува истражувачката мрежа БИРН. 

Во последниве денови се засилија шпекулациите дека Груби престојува во близина на Драч.

Груби веќе десет дена не е достапен за полицијата, а државата ја напуштил ден пред полицијата да изврши претрес во неговиот дом.

На 17 декември, Кривичниот суд му одреди 30-дневен притвор, а следниот ден и Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по него.

Можете да прочитате

СДСМ: Наместо луксуз на власта со авиони, да се пренаменат пари за 600 евра минимална плата

ВМРО-ДПМНЕ: Судијата Катевеновски бил разрешен од функција затоа што не ги исполнил нарачките на Заев, СДС и ДУИ за политички прогон на поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ

Левица: Со новиот закон за високо образование професори ќе можат да станат само децата на богатите