Утрински Весник
Македонија

Артан Груби конечно се огласи на Фејсбук по шест месеци бегство

Artan grubi sostanok partiski.jpg

Артан Груби кој веќе шест месеци не е достапен за македонските институции денеска најпосле се огласи за социјалните мрежи и тоа по повод својот роденден.

Артан Груби сподели роденденски честитки од негови блиски пријатели и роднини. Се работи за прва негова активност по исчезнувањето, а објавата не содржи никаква информација за тоа каде се наоѓа или кога ќе се врати.


Груби на 15 декември 2024 година замина во „приватна посета“, но неговото отсуство подоцна доби карактер на бегство по што од страна на Министерството за внатрешни работи е ставен на „меѓународна потерница“.

Обвинителството досега не објави дали има сомненија за неговата точна локација. Според неофицијални информации, постои сомневање дека Груби се крие во Албанија, а за неговата безбедност и престој наводно се грижи познат албански бизнисмен близок до политички кругови.

Можете да прочитате

(Видео) Провокација на албанските навивачи, Дебар бил албански град

Куќа изгоре во Пелинце, избегната е поголема катастрофа

Порака од „Маршот за ангелите“ кон Мицкоски и Давкова: Нели ви е срам? Имате ли деца?