Утрински Весник
Македонија

Арсовски: Ништо од пеколното темпо на Мицкоски, дури и поставувањето функционери е побавно од очекуваното

1708002705 Whatsapp Image 2023 01 22 At 23.22.13.jpeg

„Немам впечаток дека има некое особено пеколно темпо во работата на владата, напротив. Дури и поставувањето на функционери оди побавно од очекуваното, особено ако се спореди со последниот мандат на ВМРО ДПМНЕ, кога без малку илјада функционери без сменети во првиот ден од мандатот“, истакна аналитичарот Петар Арсовски за „Рацин.мк“.

Тој додава дека владата се соочува со сериозни предизвици до четирите столба на кои се потпира македонското општество – меѓуетничките односи; односите со соседните земји; евроинтегративниот процес и реформите.

„Што се однесува до четирите столба, мислам дека новата влада се соочува со сериозни предизвици во секој од нив. Меѓуетничките односи се напрегнати поради дијаметрално спротиставените ставови на Македонците и Албанците околу иднината на земјата, соседските односи и евроатлантските интеграции се заглавени во еден инаетлив балкански синдром, а реформите – можеби полето на кое очекувањата се најголеми, не се ни почнати“, анализира Петар Арсовски.

Аналитичарот додава дека засега има само очекувања за борба против корупцијата и за привлекување на нови стратешки инвестиции, но и дека пред владата има огромни предизвици.

„Веќе во првите месеци, се појави антагонизам со Албанците, антагонизам на линија на Преспанската спогодба, никаков напредок со Бугарија, а приближување со Орбан. Ако е тоа правецот во кој планира владата да ја движи земјата, брзо ќе се соочи со критика од меѓународната заедница“, проценува Арсовски за „Рацин.мк“.

Можете да прочитате

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи

До петок стабилно и сончево – викендов снег