Утрински Весник
Македонија

Арсовска во работна посета на Белград

Арсовска во работна посета на Белград

Градоначалничката Данела Арсовска денеска е во службена посета на Белград. Таа истакна дека оваа година е 10-годишнина од договорот за партнерство меѓу Скопје и Белград.

dobivaj vesti na viber

„ Договоривме конкретни проекти за кои верувам дека во следната година ќе имаме сериозна имплементација. Двата града работат интензивно на справување со предизвиците но и на споделување на позитивните практики. На средбата се разговараше на повеќе теми, меѓу кои и преземање на искуства со цел подобрување на јавните услуги како и конкретни активности за кои се договори оформување работни тела со претставници на двата града. Заедно со градоначалникот Шапиќ, договоривме и конкретна соработка на проекти од заеднички интерес“ истакна Арсовска.

Белградскиот градоначалник доби покана да го посети градот Скопје и истакна дека во двата града живеат братски народи, македонскиот и српскиот.

„ Нашите два града се братски градови, и пред формалното збратимување во 2012 година. Наша обврска е да ги зајакнеме овие односи. Токму близината помеѓу нашите два народи треба да ни помогне да ја интензивираме нашата соработка“ рече градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ.

Тој додаде и дека токму овој близок однос помеѓу Скопје и Белград ја прави полесна и соработката.

„ Од сето ова треба да извлечеме бенефит и да ги искористиме искуствата на Скопје, а тие да искористат некои наши искуства и на тој начин да си помогнеме“, истакна Шапиќ.

Можете да прочитате

Битиќи: Во ребалансот власта не дава пари за плата од 100.000 денари за пожарникарите

Ѓорѓиевски им подаде рака на угостителите: Заедно за модерен Скопје

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија