Утрински Весник
Скопје

Арсовска влета на локација на дивоградба во Чаир, ги повика општината и полицијата да интервенираат

Screenshot 20250521 114153 chrome.jpg

Денеска со својот тим на соработници, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска излезе на терен во општина Чаир и обвини дека се гради дивоградба, 

Според нејзиното тврдење никаде нема овластени лица од општината која ја предводи градоначалникот Висар Ганиу.


Целиот нејзин настан го објавуваше во живо на својот Фејсбук профил.

„Во општина Чаир, спротивно на закон си почнале нова дивоградба. За жал до моментов не реагира МВР. Го повикуваме министерот Панче Тошковски да реагира, но и Стојанче Ангелов да ги види овие необезбедениве дупки. Да се излезат на лице место и да каже дали има „сејфти фрст“, вели Арсовска и додава: „Направен е сериозен ископ и отпочната градба. Општина Чаир ја нема никаде, нормално „принцезата на дивоградбите“ го нема никаде и тој не знае што се случува во општината. Без никаква дозвола, нема платено комуналии, нема одобрение за градење, нема проект, нема ниту документ кој што ќе гарантира сигурност“.

Арсовска во текот на видеото можеше да види како се расправа со работниците кои работеа на дивоградбата.

Можете да прочитате

Кирков: Скопје издржало многу, ќе ја издржи и Арсовска уште неколку месеци

ЈП „Комунална хигиена“: Висар Ганиу пласира лажни вести во обид да ја покрие неспособноста

Кирков: Скопје издржало многу, ќе ја издржи и Арсовска уште неколку месеци